МаSWA Oбука 2026

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (МаSWA) со задоволство Ве поканува да учествувате на акредитирана, високо професионална Обука која ќе Ве спреми Вас и Вашите колеги за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад.

Online Zoom

53 часа во 8 дена

Септември/Октомври

МаSWA Oбука 2026

Дневен Ред

Обуката има за цел да обезбеди:

  • Стручно, теоретско и практично оспособување на учесниците за одржливо управување и постапување со отпадот;
  • Детална разработка на законските прописи и добрите светски практики во однос на управување со различни видови на отпад, заштита на животната средина и социјалните аспекти.

Крајната цел е да Ви овозможи: вмрежување со професионалци од областа на управувањето со отпадот и заштитата на животната средина, да го унапредите своето знаење и професионални вештини, да размените мислења со колегите и успешно да го положите стручниот испитот за Управител со отпад согласно законските барања и Програмата за полагање на стручен испит за управување со отпад.

Детали околу важноста на Управителот за управување со отпад, неговите одговорности и како да се стекне со лиценца се дадени во прилог.

Пријава за посетување на Обука

Ве молиме, за пријава на Обуката да го пополните Листот за пријава, даден во прилог.

Цена на Обуката

Цената на Обуката е 20.000 денари, попуст е обезбеден за втор, трет учесник од иста компанија.

Предавачи:

Поради комплексноста и разновидноста на темите, MaSWA нуди Тим од реномирани експерти од областа на одржливото управување со отпад, заштитата на животната средина и климатските промени, стручни лица кои имаат знаење, практично искуство и работа на национално и меѓународно ниво. Тие имаат вештини и умешност да пренесат знаење, го држат фокусот при предавањето и ќе користат техники и алатки за Ваше активно вклучување за време на Обуката.

Контакт за дополнителни информации

За дополнителни информации во однос на Обуката, начинот на плаќање, попустот и регистрацијата, контактирајте нѐ на: 

Е-маил

contact@maswa.org.mk

Oдржлив развој и управување со отпадот.

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (МаSWA) е конзорциум од правни и физички лица кои промовираат одржлив развој и реализација на одржливо управување со отпадот.

Национален член на

Контактирајте нè