Меѓународни учества за одржлив развој и управување со отпадот.
Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (МaSWA) е посветена на унапредување на одржливите практики и проширување на знаењата во областа на управувањето со отпад. Преку активно учество на меѓународни саеми, конгреси и стручни настани, МаSWA ја претставува Северна Македонија на глобално ниво. Погледнете ги нашите активности и учества на настаните во продолжение.
Национален член на
Панел Дискусија
На 20 мај 2026 година во Скопје се одржа панел дискусија на тема „Воспоставување на регионален систем за управување со отпад како основа за циркуларна економија“, во организација на Македонската асоцијација за управување со отпад (MASWA).
Настанот обедини претставници од институциите, бизнис секторот, академската заедница и стручната јавност, кои дискутираа за актуелните предизвици и можности за развој на современ и одржлив систем за управување со отпад. Посебен акцент беше ставен на регионалниот пристап, европските трендови и придобивките од примената на принципите на циркуларната економија.
Преку презентации и панел дискусија беа споделени добри практики, искуства и препораки за подобрување на системот за управување со отпад, со цел поефикасно користење на ресурсите, намалување на влијанијата врз животната средина и поддршка на одржливиот развој.
MASWA продолжува активно да придонесува кон развојот на секторот преку поттикнување дијалог, размена на знаења и промоција на одржливи решенија во областа на управувањето со отпад.



Прочитајте повеќе на следните портали:

Потребна е тесна меѓуопштинска и меѓусекторска соработка за ефикасно функционирање на системот за управување со отпад
Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес учествуваше и имаше обраќање на 6-тата Меѓународна конференција „Патот кон одржливо управување со отпадот“, организирана од Здружението за управување со цврст отпад – MASWA.

Кој го урива системот за собирање отпадно масло? – Филип Иванов во „Каде се парите?“
Во оваа епизода од „Каде се парите?“, водителот Горан Теменугов разговара со Филип Иванов, потпретседател на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад, за најсериозниот еколошки криминал кој тивко се случува пред наши очи – уривање на легалниот систем за собирање на отпадно масло. Наместо да се чуваат системот – тој се поткопува за личен профит.
Буенос Аирес 2025
Македонската асоцијација за управување со цврст отпад – MaSWA имаше чест да биде дел од ISWA World Congress 2025, кој се одржа од 27 до 29 октомври 2025 година во Buenos Aires Convention Center, во Буенос Аирес, Аргентина. Настанот, организиран од International Solid Waste Association (ISWA) со локална поддршка од Association for the Study of Solid Waste (ARS), претставува глобална платформа за размена на знаење, искуства и иновативни пристапи во областа на управувањето со отпад и циркуларната економија.
Годинешниот конгрес се одржа под мотото „Towards a wasteless future or a wasteful planet?“, со силен фокус на современите предизвици и можности во секторот, вклучувајќи климатски промени, управување со ресурси, проширена одговорност на производителите, третман на органски отпад и текстилен отпад. Според организаторите, конгресот собра учесници од околу 50 земји, меѓу кои претставници на јавни институции, компании, научни установи и професионални здруженија.
Со своето учество, MaSWA ја потврди својата заложба за активно следење на глобалните трендови, јакнење на меѓународната соработка и пренесување на современи знаења и практики во Северна Македонија и регионот. Присуството на ваков реномиран настан овозможи воспоставување нови контакти, размена на искуства со релевантни меѓународни чинители и дополнително зацврстување на улогата на асоцијацијата во промоцијата на одржливи системи за управување со отпад.
ISWA World Congress традиционално претставува еден од најрелевантните светски собири во оваа област, со пленарни сесии на високо ниво, технички презентации, стручни дискусии, како и културна и професионална програма наменета за поттикнување на соработка и напредок во одржливото управување со отпад. Учеството на MaSWA на овој конгрес претставува значаен чекор во континуираните напори за унапредување на знаењата, политиките и практиките во секторот.



ЕКОМОНДО
„ЕКОМОНДО“ е еден од нај реномираните саеми во Европската унија, каде што се присутни компании од целиот свет, чии деловни активности се фокусирани на зелени технологии, еколошки услуги, управување со отпад и води, алтернативни горива, биоенергија, циркуларна економија и одржливи градови. Во рамките на саемот делува и Центарот за истражување и иновации кои ги презентира најновите трендови и пронајдоци во оваа индустрија, чија цел е зајакнување на циркуларната економија преку примена на нови решенија што е во корелација со целите на „Зелениот договор“ на Европската унија и глобалните цели за намалувње на ЦО2 емисиите.
Екомондо 2024
И оваа година претставниците на МАСВА земаа учество на саемот „ЕКОМОНДО“, што се одржа во Римини, Италија од 5-8 ноември 2024 година. Покрај можноста за средби помеѓу компаниите во рамките на „ЕКОМОНДО“ во рамките на саемот се одржаа низа семинари и научни собири, а се дискутираше и за политиката, регулативата и имплементација на директивите на Европската унија од обаста на циркуларната економија, управување со отпадот, алтернативните горива и креирање на зелени градови, заради што свое учество имаат и преставници на институции кои ги креираат политиките во овој сектор.
Екомондо 2023
Претставници на Македонската асоцијација за управување со отпад (МАСВА), учествуваа на водечкиот саем за зелени технологии „ЕКОМОНДО“, што се одржа во Римини, Италија од 5-9 ноември 2023 година. Во рамките на саемот представниците на македонските компании и експерти, членки на МАСВА остварија средби на кои беа разменети искуства и знаења и се зајакнаа можностите за соработка со глобалните компании кои беа дел од овој престижен саем.
„Зајакнување на циркуларната економија преку развиен секторот за управување со отпад и зелени технологии е можен само преку креирање на одржлив систем кој континуирано ќе напредува. Македонските компании го имаат потребното знаење и искуство и преку поголема соработка со јавниот сектор ќе продолжиме да се залагаме за креирање на услови кои ќе овозможат раст. Присуството на овој саем придонесува за создавање на поцврсти контакти со компании кои имаат поголемо искуство и развиени системи и се надеваме дека преку зајакната соработка со нив ќе успееме да го забрзаме развојот на секторот и кај нас“, истакна Михаил Матески претседател на МАСВА, кој ја предводеше македонската делагација во Римини.
Кејптаун 2024
Институтот за управување со отпад од Јужна Африка (IWMSA) го организираше Светскиот конгрес ISWA2024 во Кејптаун, Јужна Африка од 15 до 18 септември 2024 година што се одржува за прв пат на африканска почва.
Македонска делегација од МАСВА зема учество на Светскиот конгрес на ISWA каде се состана со професионалци за управување со отпад, владини претставници, индустриски лидери, креатори на политики, научници и професионалци кои се појавуваат, кои се вклучуваат во конструктивни дијалози за да се поттикне научниот и техничкиот напредок во одржливото управување со цврстиот отпад.
Оман 2023
Светскиот конгрес ISWA е водечки настан на Меѓународната асоцијација за цврст отпад каде практичари, креатори на политики, истражувачи и академици од целиот свет се собираат за да се вмрежат, да соработуваат, да учат и да инспирираат!
Домаќин на светскиот конгрес на ISWA во 2023 годин беше Оман. Конгресот се одржа од 30 октомври до 1 ноември 2023 година во Мускат, Оман.
Претсавници од МАСВА зедоа учество и се вклучија на пленарни сесии. сесии со усни и постер презентации од учесниците.
Конференција 2025
Благодариме на порталите што ја објавија нашата 6-та меѓународна конференција во нивните колумни. Исклучително сме благодарни за вашето партнерство и посветеност во информирањето на јавноста. Благодарност и до вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој ја истакна важноста на одржливото управување со отпадот и развојот на циркуларната економија како клучни елементи во справувањето со климатските промени и деградацијата на животната средина.
Oдржлив развој и управување со отпадот.
Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (МаSWA) е конзорциум од правни и физички лица кои промовираат одржлив развој и реализација на одржливо управување со отпадот.
Национален член на
