КОНФЕРЕНЦИЈА 2025
Задоволство ни е да ја објавиме 6-тата биенална меѓународна конференција на Македонската асоцијација за цврст отпад (MaSWA) „Патувањето кон одржливо управување со отпад“. Конференцијата ќе се одржи во Скопје од 29 до 30 мај 2025 година.
29 - 30 Мај
Скопје, Северна Македонија
Горди сме што споделуваме ново достигнување во областа на одржливоста!
Во соработка со Planet Positive Event, го измеривме и оценивме еколошкото влијание на нашиот последен настан. Благодарение на посветеноста на нашиот тим и поддршката од надворешните проценувачи, со задоволство објавуваме дека настанот доби одлична конечна оцена од 3.41.
Овој резултат е одраз на конкретните мерки што ги спроведовме за намалување на нашиот отпечаток и за обезбедување на одговорни практики при организација на настанот. Веќе го добивме и конечниот извештај, заедно со официјалниот сертификат и еко-ознака, кои го потврдуваат нашиот континуиран ангажман за одржливост.
Искрена благодарност до сите што придонесоа за ова значајно достигнување!
Превземи го извештајот од Planet Positive Event
Што научивме: Резиме и заклучоци од конференцијата „Патот до одржливо управување со отпад".
Во ова кратко резиме ви пренесуваме клучните пораки, научените лекции и инспиративните примери споделени на настанот. Во продолжение, погледнете ја и галеријата со фотографии што ја доловуваат атмосферата и моментите од конференцијата.














Благодариме на порталите што ја објавија нашата 6-та меѓународна конференција во нивните колумни. Исклучително сме благодарни за вашето партнерство и посветеност во информирањето на јавноста. Благодарност и до вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој ја истакна важноста на одржливото управување со отпадот и развојот на циркуларната економија како клучни елементи во справувањето со климатските промени и деградацијата на животната средина.
Конференција 2025
Конференцијата е замислена како дводневен настан кој ќе ги собере сите претставници на ISWA, меѓународни експерти, претставници на централната и општинската администрација и компании. Тој ќе биде фокусиран на воспоставување и одржување на принципите за одржливо управување со отпад за македонските чинители во тековите на цврстиот отпад и презентирање на нови технологии и добрите меѓународни практики.
Свеченото отворање на конференцијата ќе започне на 29 мај 2025 година во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, каде што ќе се обратат Џејмс Ло – претседател на ISWA, Михаил Матески – претседател на MASWA и високи претставници на институциите на земјата домаќин. Главниот дел од конференцијата ќе се состои од неколку панели за дискусија и презентации од компании и експерти. На 30 мај 2025 година, експерти ќе одржат презентации на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, по што ќе следи теренска техничка посета на локални компании.
Покана за спонзори
Би сакале да укажеме на потенцијална можност за заемно корисна соработка
на вашата компанија и Македонската асоцијација за цврст отпад (MaSWA).
Повеќе информации за спонзори може да добиете на следниот линк
Главните теми на конференцијата ќе бидат:
- Меѓуопштинско управување со отпад во С. Македонија,
- Паметни и дигитални технологии во управувањето со отпадот,
- Можности во проширена одговорност на производителот,
- ZWTL – стандард и имплементација на нула отпад до депонија,
- Отпад, климатски акции и цели за декарбонизација,
- ESG стандарди во практиките за отпад,
- Циркуларната економија и отпадот како ресурс,
- Буџетирање и финансирање на системи за одржливо управување со отпад.
Конференцијата ќе биде одлична можност за вмрежување, отворање нови деловни соработки и едукација за иновациите во оваа област.
Агендата за двата дена од конференцијата може да ја погледнете во прилог.
Запознајте ги предавачите
Искрено благодариме на порталите што ја објавија најавата за нашата претстојна конференција во нивните колумни. Вашата поддршка игра значајна улога во ширењето на информацијата и ни помага да допреме до поширока публика. Исклучително сме благодарни за вашето партнерство и посветеност во информирањето на јавноста. Ги покануваме сите заинтересирани да ги прочитаат објавените статии за повеќе информации за настанот — со нетрпение ве очекуваме!
Oдржлив развој и управување со отпадот.
Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (МаSWA) е конзорциум од правни и физички лица кои промовираат одржлив развој и реализација на одржливо управување со отпадот.
Национален член на























