За нас

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (МаSWA) е конзорциум од правни и физички лица кои промовираат одржлив развој и реализација на одржливо управување со отпадот.

Конзорциумот се состои од:

Професионалци рециклатори на отпад од пластика, електронски и електричен отпад, отпадни батерии, колективни постапувачи со отпадни батерии и акумулатори, колективни постапувачи со отпад од пакување, невладини организации, истражувачи, консултанти и професионалци во областа на управувањето со отпадот, а исто така е отворена за сите заинтересирани организации и поединци кои имаат општестевна одговорност и можат да придонесат за пошироката заедница.

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (МаSWA) е формирана во декември 2013 година и во јуни 2014 година стана национална членка на меѓународната организација за цврст отпад ISWA (International Solid Waste Association) и со тоа официјален претставник на Република Северна Македонија.

Главната цел на МаSWA

e промоција на современи принципи за управување со отпадот кои се економски одржливи како и развој на правна и институционална рамка која ќе го поддржи развојот на секторот за управување со отпад во Република Северна Македонија.

Главната цел на организацијата се постигнува преку 10 годишно формирање на силна професионална структура која ја развива соработката со националните и локалните институции, учествува при подготовка на закони од областа на управувањето со отпадот и подготвува и спроведува насочени обуки и семинари од областа на одржливото управување со отпадот преку најдобро достапните европски и светски техники за сите заинтересирани чинители.

Целите на МаSWA се промовирање на одржливи практики за управување со отпад во земјата преку научни, (кружна) економија и ги обезбедува следниве научни, економски и социјални инструменти:

  • Меѓународна мрежа, за споделување на знаење, податоци и искуство;
  • Експертски работни групи и комисии за унапредување на знаењето и експертизата;
  • Стручни конгреси, конференции, семинари и работилници за ширење на информации;
  • Курсеви за едукација и обука прилагодени на потребите на специјализантите, вклучувајќи програма за квалификација и сертификација
  • Професионални публикации, вклучувајќи високо квалитетни истражувачки списанија и списанија, ажурирани студии и случувања од целиот свет
  • Соработка со клучните засегнати страни, особено националните членки на Меѓународната асоцијација за управување со отпад
  • (ISWA), како и со други меѓународните организации и институции;
  • Различни проекти во земјата, но во други земији во развој кои воспоставуваат кружна економија;
  • Осмислување и спроведување на студии и анализи.

Организациска структура

  • Собранието е највисоко тело на МаSWA и го сочинуваат сите членови на МаSWA, односно нивните претставници.
  • Управниот одбор на МаSWA се состои од 7 (седум) члена. За своето работење Управниот одбор е одговорен пред Собранието на МаSWA.
  • Надзорниот одбор е орган за надзор на МаSWA. Надзорниот одбор е составен од 3 члена кои ги избира Собранието со одлука донесена со мнозинство гласови од членовите на Собранието.

Во рамките на МаSWA работат три комисии:

  •  Комисија за развој
  • Комисија за обуки
  • Комисија за проекти.

Станете член на MaSWA

Уживајте во предностите кои ги нуди членството во MaSWA.

Oдржлив развој и управување со отпадот.

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (МаSWA) е конзорциум од правни и физички лица кои промовираат одржлив развој и реализација на одржливо управување со отпадот.

Национален член на

Контактирајте нè