Back to top arrow

Цементарница УСЈЕ АД Скопје e основана во 1955 година и дел од ТИТАН групацијата од 1998 година, е водечка домашна компанија посветена на иновација и одржливост во цементната индустрија. 

прочитај повеќе:

Ние се фокусираме на намалување на емисиите и обезбедување
одржливи решенија со инвестирање во напредни технологии и
дигитални алатки како големи податоци, ВИ и машинско учење. Нашата цел е да оптимизирање на операциите, создавање на додадена вредност за нашите акционери и минимизирање на нашиот еколошки отпечаток, истовремено поддржувајќи ја транзицијата кон Свет со нето нула.


РЕПЛЕК АД, Скопје е компанија која од далечната1945 па се до денес гради успешна приказна, на македонскиот пазар но и на меѓународниот пазар.

прочитај повеќе:

Низ годините се менуваме, иновирваме и креиравме синергија од различни искуства, растевме заедно со нашите вработени. Денес, броиме 400 високо квалификувани вработени, ентузијасти водени од визијата на успешност, квалитет и производи кои се препознатливи.


ЕКОМОЗАИК ДООЕЛ, Скопје, е консултантска компанија основана во 2010 година и претставува лидер во земјата и регионот при реализација на високо професионални и квалитетни, навремени услуги од областа на животната средина и социјалните аспекти,
управувањето со отпад и циркуларна економија, одржливото користење на ресурси, енергетската ефикасност, декарбонизација и климатска акција.

прочитај повеќе:

Нашиот професионален, мотивиран, мултидисциплинарен тим на лиценцирани експерти им помага на инвеститорите во сите фази на проектниот циклус:

  • подготвителна фаза — генерална еколошка ревизија, стратегиска оцена на планови, програми врз животната средина, оценка на влијание на проектот врз животната
    средина, подготовка на техничка документација за добивање на еколошка дозвола, подготовка на извештаи за редукција и адаптација кон климатските промени, оределување на еколошки отисок и др.),
  • во фаза на градба – подготовка на планови за управување со животната средина – отпад, води, воздух, бучава и надзор во областа на животната средина и безбедност при работа,
  • Во оперативна фаза – барања за измени и дополнувања на еколошката дозвола, подготвка на План за управување со отпад, План за управување со хемикалии, спроведување на енергетски контроли и мерки за поефикасно користење на енергијата и финансиски заштеди, подготовка на Инвентари на стакленички гасови, воведување на ISO 140001 и ISO 50001, проценка на еколошка штета и одговорност од истата,
    испорака на обуки од областа на законодавството, најдобрите достапни техники, мониторинг и др. теми.

Имаме големо искуство во подготовка на техничка документација која треба да одговори на стандардите на меѓународните финансиски институции, согласно националното законодавство
и светските добри практики. Наши главни клиенти со кои остваруваме долгорочни, базирани на доверба и сигурност релации се: инвеститорите од различни сектори, владините институции, општините, меѓународните консултантски компании и други чинители.

ЕКОМОЗАИК ДООЕЛ Скопје и членка на MaSWA од 2015 година, дава придонес кон растот и развојот на Асоцијацијата и има одлични релации со сите нејзини членки.
Контакт: www.ekomozaik.com


ЕВН Македонија, АД Скопје е компанија која нуди услуги поврзани со енергија и на македонскиот пазар е активна од 2006 година. Дел е од ЕВН АГ Групацијата, водечки европски бренд за услуги во доменот на енергијата и животната средина. ЕВН во изминатите години инвестираше околу 700 милиони евра во подобрување на севкупниот квалитет на дистрибуцијата и снабдувањето со електрична енергија, како и на корисничките услуги.

прочитај повеќе:

ЕВН е неразделен дел од македонското општество и активно се залага за економскиот, социјалниот и еколошкиот напредок на земјата. Како општествено одговорна компанија, посебно внимание обраќаме на заштита на животната средина, бидејќи тоа е единствениот начин да се обезбеди долгорочен одржлив успех. Во таа насока се и нашите напори да ги следиме светските трендови поврзани со обновливите извори на енергија како и на развојот на технологијата во оваа област.

ЕВН Македонија претставува поголемо семејство компании кои ги обединуваат истите вредности за врвна корисничка услуга и оддржливост во секој поглед.

ЕВН Македонија АД, Скопје
ул. Лазар Личеноски бр.11, 1000 Скопје
М: +389 72 933 073


ПАКОМАК, Скопје е непрофитна компанија, основана на 3.12.2010, чија дејност е управување со отпадот од пакување, согласно со новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување и Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Основачи на компанијата се 11 водечки производствени компании во Република Македонија.

прочитај повеќе:

Пакомак е членка на две интернационалниа мрежи за управување
со амбалажен отпад: ProEurope, со што ја добива лиценцата за употреба на трговската марка “Green Dot” и EXPRA https://expra.eu/

Целта на компанијата е да изгради долготрајна и цврста соработка со своите клиенти и со државата и согласно со европските регулативи – да го минимизира негативното влијание на амбалажниот отпад врз животната средина, да промовира одговорен однос на компаниите кон амбалажниот отпад, овозможувајќи со тоа поквалитетен живот за сите.

Тел/факс: +389 2 20 44 567
Бул. Партизански одреди, Порта Влае
блок 4
1000 Скопје, Македонија
Моб: +389 71 382 307


ВВ ТИКВЕШ АД Кавадарци е основана во 1885 година, Винарија Тиквеш носи наследство од повеќе од 140 години мајсторство за производство на вино, зацврстувајќи ја својата позиција како најстара и најнаградувана винарија во регионот.

прочитај повеќе:

Со длабоки корени во традицијата и визионерски пристап, Тиквеш вешто ги спојува единствените карактеристики на својот тероар и идеалните услови за одгледување грозје, создавајќи вина со извонреден карактер. Посветена на одржливоста и општествената одговорност, Винарија Тиквеш се придржува до највисоките ESG стандарди, обезбедувајќи рамнотежа помеѓу винопроизводството и грижата за животната средина.

Со страст кон создавање вина што го одразуваат тероарот, Тиквеш продолжува да ја обликува и промовира македонската винска култура, поттикнувајќи умерено и одговорно уживање во виното.


ЛИБЕРИ СТИЛ ГРУП, Скопје е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот кој нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за градежништво и сегментот на општа индустрија, опфајќајќи ги пазарите на Балканот и Југоисточна Европа.

прочитај повеќе:

Оперативната филозофија на компанијата е да произведе безбеден,
одржлив челик а воедно и да обезбеди флексибилна и сигурна услуга со краток рок на испорака и одлична корелација со
клиентите.

16 Makedonska Brigada no. 18
Skopje, 1000
North Macedonia

[libertyhousegroup.com


СУНИЛЕНС ДООЕЛ, Скопје е овластена компанија за управување со 
отпадни масла и масти одрастително потекло.

прочитај повеќе:

Во 2009 година компанијата започна со
имплементација на иновативен еколошки 
проект за собирање, складирање и 
третмaннаотпадни масла и масти за 
јадење од растително потекло како 
прватна лиценцирана компанија од страна
на Министерството за животнасредина за
оваа дејност во Р. С. Македонија. 
Преку вршење постојана едукација на 
секој создавач на отпадни масла за
јадење (индустрија и домаќинства) 
како и воспоставување на модерни 
технолошки системи во управувањето 
и трговијата со неопасен отпад, 
компанијата веќе 15 години 
придонесува во развивањето 
нациркуларна економија и креирањето 
на зелени вредности од отпадни 
растителнимасла. Водејќи се според 
европските практики за развивање на 
зелена економија и Директивите за 
обновлива енергија, од 2013 година
Суниленс е дел од европскиот систем
за биомаса и биогорива – International
Sustainability & Carbon Certification
ISCC EU


Варимпекс Интернационал започнува со работа во 1990 година Скопје,Република Македонија. Главната дејност на компанијата е трговија со храна и прехрамбени продукти. За време на нејзиното 35 годишно постоење ВАРИМПЕКС ИНТЕРНАЦИОНАЛ прерасна во една од најголемите компании за трговија со шеќер.

прочитај повеќе:

Интернационалниот карактер на компанијата се гледа од многубројните соработки со компании од Европската Унија, Латинска Америка но и со компании од остатокот на светот. Во просек продажбата на шеќер во Македонија и регионот изнесува од 40000 до 50000МТ.

Во моментов Варимпекс Интернационал располага со сопствен царински магацин со капацитет од 5000м2 и е водечка компанија за извоз и увоз на шеќер во Македонија.


ЕКО ФЛУИД, Скопје е компанија со основна дејност управување отпадни масла според начелото „загадувачот плаќа“ и во согласност со Законот за Проширената одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад , и Законот за управување со дополнителни текови на отпад, со цел да се исполнат националните цели.

прочитај повеќе:

Во согласност со аконот за управување со дополнителни текови на отпад, кој влезе во сила на 01.01.2024 година, сите компании што произведуваат или увезуваат производи од масла, имаат обврска да организираат систем што ќе го собира, селектира и рециклира нивните отпадни масла што настануваат по нивното употребување од страна на крајните потрошувачи.

Обврската од членот 17 од Законот за Проширената одговорност на производителот за управување со посебните текови се однесува само на производител, кој пуштил годишно на пазар или увезол во Република Северна Македонија повеќе од 100 кг производи од масла.


ЕВРОСУРОВИНА ПА ДООЕЛ, Битола е компанија формирана во 2011 година, со првична дејност управување со отпад, откуп на секундарни суровини, обоени и необоени метали, преработка на жици и кабли.

прочитај повеќе:

Нашето претпријатие располага со најнова технологија за обработка на суровините и како резултат на тоа нуди високо квалитетен бакарен гранулат. Освен за своите потреби, нуди и услуги
за преработка на суровините за надворешни потрошувачи.

Evrosurovina PA DOO Bitola
ul.Narodni Heroi br.22 7000 Bitola
www.evrosurovinapa.mk [1]
tel: 075/420-322 – Goce
       077/927-007 – Vasko


ГРИНТЕХ МК ДОО, Скопје е компанија основана 2007 која се бави со собирање, складирање и преработка на отпад од пакување од пластика, метал, картон и стакло.

прочитај повеќе:


ТЕКСОМАК ДОО Скопје е колективен постапувач за отпаден текстил.

прочитај повеќе:

Мисијата на Тексомак е да го собира селектираниот текстилен отпад од идустријата и граѓаните на Македонија преку создавање на инфраструктура, едукација и соработка со сите чинители на текстилниот вредносен синџир со што ќе придонесе за зачувување на здравата животна средина. Визијата на ТЕКСОМАК е да ја намали количината на текстилен отпад во Македонија преку промовирање на индивидуална и општествена одговорност и едукација за собирање, рециклирање и реупотреба на текстилниот отпад.


РАДЕ КОНЧАР – СЕРВИС И ПОПРАВКИ НА ЕЛЕКТРИЧНИ ПРОИЗВОДИ

прочитај повеќе:

www.koncar.com.mk


ТО-КАНТА ДООЕЛ – Скопје е оперативна компанија која се занимава со менаџмент на отпад. Компанијата има за цел да им помогне на компаниите околу изведувачкиот дел и да воспостави систем за правилно управување со отпад.

прочитај повеќе:

За таа цел ТО-КАНТА формира повеќе сектори:
1 Сектор за транспорт и собирање на отапд, кој е примарна дејност на компаијата.
– Сектор за сервис и мониторинг на повратни вендинг машини за селектирање на пластични шишиња и лименки, кој е секундарна дејност на компанијата.
– Консултански сектор и постројка за секундарна селекција на неопасен отпад, кои се во процес на формирање.


ПЛАНКТОНИУМ – Скопје е здружение за заштита на животна средина и просторно планирање. 

прочитај повеќе:

Примарна цел на Здружението е проблемот на животната средина да се третира во најширок можен контекст: едукација на населението за овладување на начинот на однесување кон животната средина во целост и развивање на еколошката свест од најмала возраст, помагање во имплементирањето на националните закони, енергетска ефикасност и свеста за климатските промени, пошумување на голи површини, сеопфатна грижа за водените еко-системи т.е. се што значи поддршка на заштитата на животната средина.

За вас „Планктониум“ може да:

· Организира стручни јавни настани, работилници, семинари, конференции од областа на заштитата на животната средина.
· Обезбедува домашни и меѓународни експерти во областа на одржливиот развој и управувањето со сите медиуми во животната средина.
· Подготвува Планови и програми за управување со отпад.
· Подготува Елаборати и Студии за оценка на влијанието врз животната средина.
· Обезбедува Управител со отпад за Вашата компанија и
· Други консултантски услуги во делот на национaлното и европското законадвство за животна средина.


НУЛА ОТПАД – Скопје е друштво за управување со отпад Нула Отпад ДОО Скопје успешно го решава проблемот со управувањето на специфичните текови на отпад на територијата на Р.С. Македонија, почитувајќи ги европските стандарди и согласно законските прописи, постојано воведувајќи нови вредности и стандарди кои ја подигаат самосвеста на популацијата и културата на живеење.

прочитај повеќе:

Нула Отпад е лиценциран колективен постапувач кој во соработка со општините и јавните комунални претпријатија го организира системот на собирање, транспорт и рециклирање на електричниот и електронскиот отпад и отпадните батерии и акумулатори од домаќинствата и компаниите.

Предмет на деловна реализација на Нула Отпад ДОО Скопје е превземање на обврските во име и за сметка на “производителите” да управува со системот за собирање, преработка и рециклирање на отпадните батерии и акумулатори (ОБА) и отпадната електрична и електронска опрема (ОЕЕО)
од крајниот корисник и од поседувачите/трговците.

Визија и мисија:

  • Фокусираност на клиентите;
  • Поставување на систем за управување со ОБА и ОЕЕО кој ќе креира
    најголем еколошки бенефит со минимум економски ресурси и напори;
  • Транспарентно работење со континуирана ревизија и доставување на Годишни извештаи до МЖСПП за остварување на националните цели;
  • Подигнување на јавната свест за еколошко управување со ОБА и ОЕЕО ;
  • Спречување на негативните влијанија на отпадот врз животната средина,
    животот и здравјето на луѓето.

Одговорно лице: Марјанчо Дамески – управител
Контакт:   +389 (0)2 3256 309
Мобилен: +389 (0)70 216 016
 Адреса: Јосиф Јосифовски Свештарот бр.37/2, 1000 Скопје


МАНЕКО СОЛУШНС ДООЕЛ Скопје
Друштво за консалтинг за животна средина

прочитај повеќе


ДЕКОНС – ЕМА ДООЕЛ (Друштвото за еколошки консалтинг – Environmental Management Associates) е компанија за менаџмент и консалтинг од областа на животната средина, лоцирана во Скопје, РСМ.

прочитај повеќе:

Постојаната едукација и стекнување на нови знаења и експертизи е наша определба, докажана преку поседување сертификати за овластени ОВЖС, СОЖС експерти, управители со отпад и проценка на штети во животната средина. Безбедноста и здравјето при работа е област во која Компанијата поседува овластување за работа и значително искуство.   

Потпирајќи се на своите конкурентни, високо квалификувани меѓународни експерти, како и усвојувањето на нови системи за проектен менаџмент и контрола на квалитетот, ДЕКОНС-ЕМА е подготвена за интегрирање на светскиот пазар и учество во комплексни меѓународни проекти.      

Со инкорпорирање на меѓународното и локалното искуство и експертиза, ДЕКОНС-ЕМА соодветно е позиционирана, за да ги лоцира и да одговори на барањата на своите клиенти, овозможувајќи им при тоа, начин на  работа кој е поволен за животната средина, зголемување на мрежата на соработници и добивање на значителни и конкурентни резултати од работењето.

ДЕКОНС-ЕМА гради долгорочни професионални релации со претпријатија од различен ранг, имајќи го при тоа, својот кодекс на непристрасност, професионалност и веродостојност, како гаранција за подобрувањето на бизнис перформансите на своите клиенти. Покрај ова, професионалните и високо квалитетни услуги исто така, се однесуваат и на работата со институциите.


ЕКО-ТЕАМ ДОО, Скопје е динамична приватна компанија која во досегашното долгогодишно работење стекна драгоцени искуства во сите подрачја на индустриската екологија и заштита на животната средина.

прочитај повеќе:

ЕКО-ТЕАМ во своето работење користи сопствена современа опрема и најмодерни технолошки методи и постапки во областа на згрижување на отпад, индустриски чистења, санации на цевководи и заштита на животната средина.


Еко Текс Груп ДОО Скопје

ЕКОРЕК АИМ ДООЕЛ, Кавадарци

  • Виктор Христов, Независен консултант
  • Ана Каранфилова Мазневска, Министерство за животна средина и просторно планирање
  • Филип Иванов, Независен консултант
  • Ангела Темелковска, Државен инспектор за животна средина
  • Магдалена Михајловска, експерт
  • Зоран Шапуриќ
  • Горјан Темелковски
  • Зоран Дојчиновски
  • Игор Јорданов
  • Наталија Ацеска