МаSWA Oбука 2026
Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (МаSWA) со задоволство Ве поканува да учествувате на акредитирана, високо професионална Обука која ќе Ве спреми Вас и Вашите колеги за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад.
Online Zoom
53 часа во 8 дена
Септември/Октомври
МаSWA Oбука 2026
Дневен Ред
Обуката има за цел да обезбеди:
- Стручно, теоретско и практично оспособување на учесниците за одржливо управување и постапување со отпадот;
- Детална разработка на законските прописи и добрите светски практики во однос на управување со различни видови на отпад, заштита на животната средина и социјалните аспекти.
Крајната цел е да Ви овозможи: вмрежување со професионалци од областа на управувањето со отпадот и заштитата на животната средина, да го унапредите своето знаење и професионални вештини, да размените мислења со колегите и успешно да го положите стручниот испитот за Управител со отпад согласно законските барања и Програмата за полагање на стручен испит за управување со отпад.
Детали околу важноста на Управителот за управување со отпад, неговите одговорности и како да се стекне со лиценца се дадени во прилог.
Предавачи:
Поради комплексноста и разновидноста на темите, MaSWA нуди Тим од реномирани експерти од областа на одржливото управување со отпад, заштитата на животната средина и климатските промени, стручни лица кои имаат знаење, практично искуство и работа на национално и меѓународно ниво. Тие имаат вештини и умешност да пренесат знаење, го држат фокусот при предавањето и ќе користат техники и алатки за Ваше активно вклучување за време на Обуката.
Контакт за дополнителни информации
За дополнителни информации во однос на Обуката, начинот на плаќање, попустот и регистрацијата, контактирајте нѐ на:
Е-маил
contact@maswa.org.mk
Oдржлив развој и управување со отпадот.
Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (МаSWA) е конзорциум од правни и физички лица кои промовираат одржлив развој и реализација на одржливо управување со отпадот.
Национален член на
