










Членки на MaSWA
Физички лица
1. Виктор Христов, Независен консултант
2. Ана Каранфилова Мазневска, Министерство за животна средина и просторно планирање
3. Филип Иванов, Независен консултант
4. Ангела Темелковска, Државен инспектор за животна средина
5. Магдалена Михајловска, експерт
Правни лица
ГРИНТЕХ МК
компанија основана 2007 која се бави со собирање, складирање и преработка на отпад од пакување од пластика, метал, картон и стакло.
ПЛАНКТОНИУМ – Скопје
Здружение за заштита на животна средина и просторно планирање.
Примарна цел на Здружението е проблемот на животната средина да се третира во најширок можен контекст: едукација на населението за овладување на начинот на однесување кон животната средина во целост и развивање на еколошката свест од најмала возраст, помагање во имплементирањето на националните закони, енергетска ефикасност и свеста за климатските промени, пошумување на голи површини, сеопфатна грижа за водените еко-системи т.е. се што значи поддршка на заштитата на животната средина.
За вас „Планктониум“ може да:
· Организира стручни јавни настани, работилници, семинари, конференции од областа на заштитата на животната средина.
· Обезбедува домашни и меѓународни експерти во областа на одржливиот развој и управувањето со сите медиуми во животната средина.
· Подготвува Планови и програми за управување со отпад.
· Подготува Елаборати и Студии за оценка на влијанието врз животната средина.
· Обезбедува Управител со отпад за Вашата компанија и
· Други консултантски услуги во делот на национaлното и европското законадвство за животна средина.
НУЛА ОТПАД – Скопје
Друштво за управување со отпад Нула Отпад ДОО Скопје успешно го решава проблемот со управувањето на специфичните текови на отпад на територијата на Р.С. Македонија, почитувајќи ги европските стандарди и согласно законските прописи, постојано воведувајќи нови вредности и
стандарди кои ја подигаат самосвеста на популацијата и културата на живеење.
Нула Отпад е лиценциран колективен постапувач кој во соработка со општините и јавните комунални претпријатија го организира системот на собирање, транспорт и рециклирање на електричниот и електронскиот отпад и отпадните батерии и акумулатори од домаќинствата и компаниите.
Предмет на деловна реализација на Нула Отпад ДОО Скопје е превземање на обврските во име и за сметка на “производителите” да управува со системот за собирање, преработка и рециклирање на отпадните батерии и акумулатори (ОБА) и отпадната електрична и електронска опрема (ОЕЕО)
од крајниот корисник и од поседувачите/трговците.
Визија и мисија:
- Фокусираност на клиентите;
- Поставување на систем за управување со ОБА и ОЕЕО кој ќе креира
најголем еколошки бенефит со минимум економски ресурси и напори; - Транспарентно работење со континуирана ревизија и доставување на Годишни извештаи до МЖСПП за остварување на националните цели;
- Подигнување на јавната свест за еколошко управување со ОБА и ОЕЕО ;
- Спречување на негативните влијанија на отпадот врз животната средина,
животот и здравјето на луѓето.
Одговорно лице: Марјанчо Дамески – управител
Контакт: +389 (0)2 3256 309
Мобилен: +389 (0)70 216 016
Адреса: Јосиф Јосифовски Свештарот бр.37/2, 1000 Скопје
ЕКО-ТЕАМ
е динамична приватна компанија која во досегашното долгогодишно работење стекна драгоцени искуства во сите подрачја на индустриската екологија и заштита на животната средина.
ЕКО-ТЕАМ во своето работење користи сопствена современа опрема и најмодерни технолошки методи и постапки во областа на згрижување на отпад, индустриски чистења, санации на цевководи и заштита на животната средина.
Титан Усје
основана во 1955 година и дел од ТИТАН групацијата од 1998 година, е
водечка домашна компанија посветена на иновација и одржливост во
цементната индустрија. Ние се фокусираме на намалување на емисиите и обезбедување
одржливи решенија со инвестирање во напредни технологии и
дигитални алатки како големи податоци, ВИ и машинско учење. Нашата цел е да
оптимизирање на операциите, создавање на додадена вредност за нашите акционери и
минимизирање на нашиот еколошки отпечаток, истовремено поддржувајќи ја транзицијата кон
Свет со нето нула.
ДЕКОНС-EMA
(Друштвото за еколошки консалтинг – Environmental Management Associates) е компанија за менаџмент и консалтинг од областа на животната средина, лоцирана во Скопје, РСМ.
Постојаната едукација и стекнување на нови знаења и експертизи е наша определба, докажана преку поседување сертификати за овластени ОВЖС, СОЖС експерти, управители со отпад и проценка на штети во животната средина. Безбедноста и здравјето при работа е област во која Компанијата поседува овластување за работа и значително искуство.
Потпирајќи се на своите конкурентни, високо квалификувани меѓународни експерти, како и усвојувањето на нови системи за проектен менаџмент и контрола на квалитетот, ДЕКОНС-ЕМА е подготвена за интегрирање на светскиот пазар и учество во комплексни меѓународни проекти.
Со инкорпорирање на меѓународното и локалното искуство и експертиза, ДЕКОНС-ЕМА соодветно е позиционирана, за да ги лоцира и да одговори на барањата на своите клиенти, овозможувајќи им при тоа, начин на работа кој е поволен за животната средина, зголемување на мрежата на соработници и добивање на значителни и конкурентни резултати од работењето.
ДЕКОНС-ЕМА гради долгорочни професионални релации со претпријатија од различен ранг, имајќи го при тоа, својот кодекс на непристрасност, професионалност и веродостојност, како гаранција за подобрувањето на бизнис перформансите на своите клиенти. Покрај ова, професионалните и високо квалитетни услуги исто така, се однесуваат и на работата со институциите.
Тиквеш
Основана во 1885 година, Винарија Тиквеш носи наследство од повеќе од 140 години
мајсторство за производство на вино, зацврстувајќи ја својата позиција како
најстара и најнаградувана винарија во регионот.
Со длабоки корени во традицијата и визионерски пристап, Тиквеш вешто ги спојува единствените карактеристики на својот тероар и идеалните услови за одгледување грозје, создавајќи вина со извонреден карактер. Посветена на одржливоста и општествената одговорност, Винарија
Тиквеш се придржува до највисоките ESG стандарди, обезбедувајќи рамнотежа помеѓу винопроизводството и грижата за животната средина.
Со страст кон создавање вина што го одразуваат тероарот, Тиквеш продолжува да ја обликува и промовира македонската винска култура, поттикнувајќи умерено и одговорно уживање во виното.
Суниленс
е овластена компанија за управување со отпадни масла и масти од
растително потекло. Во 2009 година компанијата започна со имплементација
на иновативен еколошки проект за собирање, складирање и третман на
отпадни масла и масти за јадење од растително потекло како првата
лиценцирана компанија од страна на Министерството за животна средина за
оваа дејност во Р. С. Македонија. Преку вршење постојана едукација на секој
создавач на отпадни масла за јадење (индустрија и домаќинства) како и
воспоставување на модерни технолошки системи во управувањето и трговијата
со неопасен отпад, компанијата веќе 15 години придонесува во развивањето на
циркуларна економија и креирањето на зелени вредности од отпадни растителни
масла. Водејќи се според европските практики за развивање на зелена
економија и Директивите за обновлива енергија, од 2013 година Суниленс е дел од
европскиот систем за биомаса и биогорива – International Sustainability & Carbon
Certification ISCC EU
ТЕКСОМАК ДОО
Колективен постапувач за отпаден текстил Мисијата на ТЕКСОМАК е да го собира селектираниот текстилен отпад од идустријата и граѓаните на Македонија преку создавање на инфраструктура, едукација и соработка со сите чинители на текстилниот вредносен синџир со што ќе придонесе за зачувување на здравата животна средина. Визијата на ТЕКСОМАК е да ја намали количината на текстилен отпад во Македонија преку промовирање на индивидуална и општествена одговорност и едукација за собирање, рециклирање и реупотреба на текстилниот отпад.
Tab Content
Tab Content
РЕПЛЕК
е компанија која од далечната1945 па се до денес гради успешна приказна, на македонскиот пазар но и на меѓународниот пазар. Низ годините се менуваме, иновирваме и креиравме
синергија од различни искуства, растевме заедно со нашите вработени.
Денес, броиме 400 високо квалификувани вработени, ентузијасти водени од визијата на успешност, квалитет и производи кои се препознатливи
Манеко Солушнс ДООЕЛ Скопје
Друштво за консалтинг за животна средина
Tab Content
Tab Content
Tab Content
